Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Саити му додели признание на Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски

2024-03-20

Саити му додели признание на Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски

На 19.03.2024, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во Музејот на холокаустот се одржа свечен настан посветен на 17 Март, Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството. По тој повод, Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити му додели признание на Градоначалникот на Општина Центар, г-дин Горан Герасимовски за досегашната успешна соработка. Покрај Општина Центар, признанија добија и г-дин Марко Карабини, Аташе шеф на Одделот на Администрација , ЕУ делегација во Скопје, институции, компании и личности кои дале особен придонес за развој на крводарителството.